Вработување

Оглас за пред-квалификација на архитекти и градежни инженери

Нашата компанија во овој момент врши пред-квалификација за Архитекти и Градежни инженери, со и без работно искуство, потребни за работа на Архитектонски, Градежни и Инфраструктурни проекти. Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

Општи услови за сите кандидати:

  • Инженерска диплома која кореспондира на 5 годишни студии факултет
  • Способност за Тимска работа и надградба на знаење
  • Динамични особи
  • Менаџерски способности и комуникациски вештини
  • Познавање на Англиски јазик
  • Познавање на компјутерски програми
  • Прилагодливост кон чести теренски патувања

Услови за архитект/ градежен инженер без работно искуство:

  • Познавање на компјутерски програми (AutoCAD, ArchiCAD, SAP2000, RADIMPEX TOWER, Word, Excel, PDF, 3D…), во зависност од струката
  • Познавање на конструкции, правилници за проектирање, градежни материјали и нивна употреба при проектирање и градба
  • Познавање на процедури за комплетирање на проектна документација и подготовка за аплицирање кај надлежните институции

Услови за архитект/ градежен инженер со работно искуство:

  • Одлично познавање и работа со компјутерски програми (AutoCAD, ArchiCAD, SAP2000, RADIMPEX TOWER, Word, Excel, PDF, 3D…), во зависност од струката
  • Одлично познавање на конструкции, закони, правилници и стандарди за проектирање, градежни материјали и нивна употреба при проектирање
  • Одлично познавање на процедури за комплетирање на проектна документација и подготовка за аплицирање кај надлежните институции, координација со фазисти и надлежни институции
  • Одлично инженерско искуство во проектирање/ раководење со градби, координација и коресподенција со Клиенти и Институции
  • Искуство или познавање на процедури за надзор над изведба на градби, контрола на квалитет на изведба, контрола на Градежни Ситуации, книги, дневници и изработка на Извештаи, имплементација на договори за проектирање/ градба
  • Искуство при изработка на Динамички планови и Предмер пресметка за градби
Доколку се препознаете во некои од горенаведените барања и мислите дека сте потенцијален кандидат, Ве молиме да го испратите Вашето CV на e-mail адресата: contact@urbansteel.com.mk Сите документи од доставената CV документација, ќе се сметаат за строго доверливи податоци.