Оглас за пред-квалификација на архитекти и градежни инженери
Нашата компанија во овој момент врши пред-квалификација за Архитекти и Градежни инженери, со и без работно искуство, потребни за работа на Архитектонски, Градежни и Инфраструктурни проекти. Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:
Општи услови за сите кандидати:
Инженерска диплома која кореспондира на 5 годишни студии факултет
Способност за Тимска работа и надградба на знаење
Динамични особи
Менаџерски способности и комуникациски вештини
Познавање на Англиски јазик
Познавање на компјутерски програми
Прилагодливост кон чести теренски патувања
Услови за архитект/ градежен инженер без работно искуство:
Познавање на компјутерски програми (AutoCAD, ArchiCAD, SAP2000, RADIMPEX TOWER, Word, Excel, PDF, 3D…), во зависност од струката
Познавање на конструкции, правилници за проектирање, градежни материјали и нивна употреба при проектирање и градба
Познавање на процедури за комплетирање на проектна документација и подготовка за аплицирање кај надлежните институции
Услови за архитект/ градежен инженер со работно искуство:
Одлично познавање и работа со компјутерски програми (AutoCAD, ArchiCAD, SAP2000, RADIMPEX TOWER, Word, Excel, PDF, 3D…), во зависност од струката
Одлично познавање на конструкции, закони, правилници и стандарди за проектирање, градежни материјали и нивна употреба при проектирање
Одлично познавање на процедури за комплетирање на проектна документација и подготовка за аплицирање кај надлежните институции, координација со фазисти и надлежни институции
Одлично инженерско искуство во проектирање/ раководење со градби, координација и коресподенција со Клиенти и Институции
Искуство или познавање на процедури за надзор над изведба на градби, контрола на квалитет на изведба, контрола на Градежни Ситуации, книги, дневници и изработка на Извештаи, имплементација на договори за проектирање/ градба
Искуство при изработка на Динамички планови и Предмер пресметка за градби
Доколку се препознаете во некои од горенаведените барања и мислите дека сте потенцијален кандидат, Ве молиме да го испратите Вашето CV на e-mail адресата: contact@urbansteel.com.mkСите документи од доставената CV документација, ќе се сметаат за строго доверливи податоци.