Земајќи ја во предвид урбанистичката поставка на овој објект во градско подрачје на градот Охрид, една од неговите основните цели е функционалноста, а и придонесот кон зголемување на атрактивноста на околината во која е лоциран. Новата катна гаража ќе обезбеди регулирано паркирање во склоп на комплексот Биљанини извори. Со идејното решение на овој објект се обезбедуваат 475 паркинг места. Во склоп на идејното решение, направена е проценка на инвестиција на целиот објект.