Индустриски

Процесот на проектирање и изградба на индустриски објекти е единствен во однос на другите градби поради нивната сложена намена. Откако ќе ја дефинирате намената на вашиот објект, клучот за успех на градбата е соработка со доверлива и искусна проектантска фирма која ќе ја оживее вашата визија. За време на фазата на планирање, ќе помогнеме со анализа на проценка на трошоци, анализа на функционалноста, временските рокови за изведба и многу повеќе. Покрај класичното проектирање, индустриските објекти бараат специфично планирање на многу детали кои ќе бидат потребни и прилагодени согласно функцијата на објектот. Проектанските размислувања вклучуваат планирање на соодветен простор, можност за движење на голема опрема и камиони (висина на плафоните и распон на столбови), правилно прицврстување на тешките машини, крански греди, правилно поставување на машинските инсталации и единиците за снабдување со воздух. Проектирањето ќе се одвива во фази, со одбирање на соодветни материјали и висококвалитетни метални градежни системи дизајнирани специјално за индустриски проекти, спроведување посети на локацијата и добивање соодветни дозволи. Безбедноста во градежништвото е витална компонента на секоја индустриска градба, но сепак треба да се земе во предвид и размислува при проектирање на индустриските објекти во кои ќе се складираат опасни материјали и опрема. Надзорот врши тековни и финални контроли на објектот, со цел да се потврди дека сè функционира нормално или ако е потребно, да се направат потребните прилагодувања и оптимизации, во координација со Инвеститорот.