Патишта

Нашата стручност за планирање, проектирање и надзор над изградба на улици и патишта се заснова на способноста да понудиме иновативни технички решенија кон вашите барања, стручност стекната од нашето големо искуство во менаџирање од над 500.000,00 м2 асфалтирање, изработка на тротоари и улично осветлување во период од над 20 години. Исто така, информирани сме со проблемите со кои моментално се соочуваат Општинските и Државните институции: недостаток на подобрена мобилност и поврзување помеѓу урбаните и рурални заедници, недостаток од електрификација на патиштата, недостаток на добра хоризонтална и вертикална сигнализација за подобро управување со новите автономни возила и енергетска ефикасност. Нашите експерти обезбедуваат решенија кои ја поттикнуваат и подобруваат мобилноста. Овој пристап го направи Урбан Стил Инженеринг доверлив партнер на владините и приватните клиенти од индустријата во нашата земја.