Новиот објект претставува конгресен центар со седум конгресни сали, кои во својата програма ги вклучуваат сите технички, пропратни и заеднички простории. Во склоп на конгресниот центар планирани се 7 сали и тоа една конгресна сала со капацитет од 1000 лица, три сали со капацитет од 200 лица и три сали со капацитет од 150 лица. Во склоп на објектот предвиден е хотелски дел (55 соби) со сите пропратни содржини и Експо центар. Во склоп на хотелот предвидени се сали за состаноци кои можат да се преадаптираат во сали за презентации, executive lounge, ballroom со кујна и лоби простории. Проектирани се два ресторана со кујни, едниот на приземното ниво, едниот на крајниот, највисок кат. Во склоп на идејното решение, направена е проценка на инвестиција на целиот објект.