Previous slide
Next slide

Реконструкција на куќа до Влада на РМ

Тип:
Јавни, Ентериери, Консалтинг
Фаза
Проект, Завршен
Локација:
Скопје, Македонија
Година:
2016
Површина:
333 м2
Клиент:
С.О.З.Р. на Влада на РМ
Во 2015 година, Нашата компанија доби тендер за изработка на идејно архитектонско решение и основен ревидиран проект за реконструкција на фасадата и кровна конструкција на објектот што е лоциран веднаш до објектот на Влада на Р.М. на аголот од раскрницата меѓу бул. Илинден и бул. Климент Охридски. Со овој проект, предвидена е замена на дотраените материјали, обезбедена е соодветна енергетска ефикасност и дообликувана е постојната естетика. Новото решение е направено во идентичен стил, со иста боја, градежни материјали и принцип на илуминација.
Предвидени се декоративни елементи за украсување на венецот на објектот, прозорите и впечатливите елементи на фасадата. Декоративните елементи се предвидени во вид на релјефи кои содржат апстрактни историски мотиви и мотиви од живиот свет, флора и фауна. Предвидена е обнова на целокупната изолација на објектот со цел обезбедување на енергетска ефикасност на фасадата и кровната конструкција. Постојната лимарија – вертикални и хоризонтални олуци за одвод на атмосферската вода, се маскирани во склоп на новото решение за фасада. Имено, дотраените делови е предвидено да се сменат и за да се одржи историскиот изглед на објектот.