Stadium Chair in Skopje
Тип:
Јавни, Ентериери, Консалтинг
Фаза
Проект, Завршен
Локација:
Скопје, Македонија
Година:
2019
Површина:
1.873 м2
Клиент:
Фудбалска Федерација на Македонија - ФФМ
Во 2019 година, Нашата компанија изработи Проектна документација – Основен проект за објект Трибина на Стадион Чаир во Општина Чаир, Скопје. Проектот е изработен од страна на нашите архитекти и инженери според строгите правила и стандарди на УЕФА, со решение за новопредвидената трибина со вкупен капацитет од 1792 гледaчи од кои 1524 стандардни фиксни седишта, 176 расклопливи седишта, 8 места за лица со инвалидност и 84 седишта за ВИП посетители предвидени во посебен сектор.
При проектирањето, изработени се следните фази: архитектура, конструкции, геомеханика, водовод и канализација, машинство, електрика, сообраќај, БЗР, ППЗ, ИЗИИС, а посебно внимание е осврнато на употреба на нови енергетско ефикасни материјали и технологии од областа на градежништвото.