КАТНА ГАРАЖА ˝Билјанини извори˝ - Охрид

Тип:
Јавни, Ентериери, Консалтинг
Фаза
Конкурс
Локација:
Охрид, Македонија
Година:
2016
Површина:
14.640 м2
Клиент:
АД ЕЛЕМ - Скопје
Во 2016 година, Нашите архитекти учествуваа на јавен конкурс за изработка на архитектонско-урбанистичко идејно решение за Катна гаража ˝Биљанини извори˝ - Охрид. На конкурсот освоивме 1-ва Награда за најдобро идејно решение.
Земајќи ја во предвид урбанистичката поставка на овој објект во градско подрачје на градот Охрид, една од неговите основните цели е функционалноста, а и придонесот кон зголемување на атрактивноста на околината во која е лоциран. Новата катна гаража ќе обезбеди регулирано паркирање во склоп на комплексот Биљанини извори. Со идејното решение на овој објект се обезбедуваат 475 паркинг места. Во склоп на идејното решение, направена е проценка на инвестиција на целиот објект.