Енергетика

Урбан Стил Инженеринг обезбедува услуги за управување со проекти и надзор над објекти од типот “клуч на рака” (проектирање и изведба) за изградба на соларни централи, со досегашно искуство во над 95 MW инсталирани капацитети. Нашите услуги вклучуваат управување со проекти и изградба, надзор, контрола над проектот и изготвување извештаи за клиентот, од изградба на конструкција до вградување на соларни панели.