Previous slide
Next slide

ФОТОВОЛТАИЧНИ ЦЕНТРАЛИ

Тип:
Енергетика, Консалтинг
Фаза
Дизајн, Ревизија, Надзор
Локација:
Македонија
Година:
2024
Површина:
Инсталирана моќност:
95 MW (10 годишен период)
Клиент:
Приватни и Јавна сопственост
Нашата компанија врши Ревидендски и Консултантски услуги во име на Инвеститорите, Работодавачите и Банките, како што се Ревизија на Проектната документација, надзор над изградбата и менаџирање со изградбата на Фотоволтаичната централа, за време на имплементација на објектот и во текот на Гарантниот период.
  1. Активности при вршење на РЕВИДЕНТСКИ услуги
Нашите обврски во фаза на вршење Ревидентски услуги над активностите и изработка на Проектна документација од страна на Изведувачот/ Проектантот (EPC), во зависност од Вашите потреби, ќе се одвиваат по следниот редослед:
  1. Ревизија и одобрување на EPC Проектната документација доставена од страна на Изведувачот/ Проектантот (EPC);
  2. Мониторинг на активностите за подготовка, вршење ревизија и одобрување на Идејниот проект доставен од страна на Изведувачот/ Проектантот (EPC);
  3. Мониторинг на активностите за подготовка, вршење ревизија и одобрување на Основниот проект доставен од страна на Изведувачот/ Проектантот (EPC);
  4. Медијација при издавање на Одобрение за градење со надлежните Општини или Министерства;
  5. Мониторинг на активностите на Изведувачот/ Проектантот (EPC) при изработка на Проект на Изведена состојба;
  6. Мониторинг на активностите на Изведувачот при обезбедување на сите потребни Банкови гаранции;
  1. B. Активности при вршење на КОНСУЛТАНТСКИ услуги
Нашите обврски во фаза на вршење Консултантски услуги над активностите за изградба на објектот од страна на Изведувачот (EPC), во зависност од Вашите потреби, ќе се одвиваат по следниот редослед:
  1. Менаџмент на изградба на Фотоволтаична централа во согласност со сите важечки регулативи, одобренија, Правилници и Законот за градењеa) Менаџмент на изградба на Фотоволтаична централа во согласност со сите важечки регулативи, одобренија, Правилници и Законот за градење
  2. Обезбедување на Методологија на работа
  3. Вовед во работа;
  4. Надзор над градежни работи за адаптација на теренот во согласност со Елаборатот за Геомеханика;
  5. Надзор над градежни работи во согласност со градежниот проект, техничките спецификации, стандардите за безбедност и заштита при работа и елаборатот за екологија.
  6. Евалуација и одобрување на опремата која е предвидена со Основниот проект и е во согласност со предвидениот инсталиран капацитет на централата;
  7. Евалуација и одобрување на активностите за набавка на опремата и материјалот (панели, инвертори, трафостаници, кабли и др.);
  8. Надзор над инсталација на опремата;
  9. Изработка на извештаи за секоја фаза на изградбата на фотоволтаичната централа, каде што ќе бидат констатирано дека сите планирани активности на Изведувачот се изработени во согласност со важечките закони, правилници и стандарди, утврдени со договорот помеѓу Инвеститорот и Изведувачот;
  10. Изработка на Завршен извештај за Технички преглед од Надзорен инженер, во согласност со Законот за градба и останатите регулативи
  11. Мониторинг на активностите на Изведувачот (EPC) при вршење на обука на персоналот кој ќе биде задолжен со управување на фотоволтаичната централа
  12. Мониторинг на активностите на Изведувачот (EPC) при одржување на фотоволтаичната централа во гарантниот период;
  1. Посебни КОНСУЛТАНТСКИ услуги за Банки – мониторинг над користење на заеми
  1. Анализа на Проектно-техничка документација
  2. Анализа на бизнис план и вкупни инвестициски трошоци (детална анализа на бизнис план, вкупна CAPEX анализа и финансиски парични текови, анализа на вкупните инвестициски трошоци по категории и фази)
  3. Анализа на Динамички План
  4. Исполнување на условите согласно Законот за градба и бараните процедури од страна на ЕВН
  5. Подготовка на Воведен извештај
  6. Следење на градежните работи на терен, откривање на можни проблеми, контрола на квалитет и контрола на динамичкиот план
  7. Проверка и контрола на Градежни книги и дневници
  8. Проверка и контрола на финансиски парични текови
  9. Документирање и известувања до Банката за сите активности кои се направени на објектот
  10. Заверка на Времените ситуации/ фактури/ профактури, кои се направени или треба да се направат во наредниот период, при што исплатата на заемот ќе се врши во согласност со одобрението на горенаведените документи.
  11. Констатации дека сите лиценци, дозволи и овластувања се валидни
  12. Констатација за пуштање на објектот во комерцијална употреба COD (commercial operation date)
  13. Подготовка на извештај за напредокот на проектот.