При проектирањето на мостот земени се во предвид и постоечките пешачки и велосипедски патеки во минор коритото каде е овозможено непрекинато движење и покрај поставеноста на мостот. Пристапот кон мостот е на исто ниво со постојните пешачки улици од двете страни, без примена на скали и рампи. Согласно површината за планирање утврдена со проектната програма, објектот зафаќа површина од 1056 m². Вкупната должина на мостот е 87,00 метри, а ширината 12,00 метри. Во склоп на идејното решение, направена е проценка на инвестиција на целиот објект.