Previous slide
Next slide

Пешачки мост на река Вардар кај “Црква Пресвета Богородица”

Тип:
Јавни, Мостови, Консалтинг
Фаза
Конкурс
Локација:
Скопје, Македонија
Година:
2016
Површина:
1.056 sq.m.
Клиент:
Град Скопје
Во 2016 година, Нашите архитекти и инженери учествуваа на јавен конкурс за изработка на идејно архитектонско-урбанистичко решение за Пешачки мост од “Кеј Димитар Влахов до Кеј 13-ти Ноември”. Пешачкиот мост е лоциран во централното градско подрачје, на централно растојаниe од 130 m помеѓу Мостот “Слобода” и Мостот “Мајка Тереза”. На конкурсот освоивме 1-ва Награда за најдобро идејно решение. Новиот мост претставува врска на ниво на пешачките патеки на двата кеја од плоштадот пред православната црква Пресвета Богородица кон улицата Кеј 13ти Ноември.
При проектирањето на мостот земени се во предвид и постоечките пешачки и велосипедски патеки во минор коритото каде е овозможено непрекинато движење и покрај поставеноста на мостот. Пристапот кон мостот е на исто ниво со постојните пешачки улици од двете страни, без примена на скали и рампи. Согласно површината за планирање утврдена со проектната програма, објектот зафаќа површина од 1056 m². Вкупната должина на мостот е 87,00 метри, а ширината 12,00 метри. Во склоп на идејното решение, направена е проценка на инвестиција на целиот објект.