Previous slide
Next slide

Плоштад Скендербег – Фаза 2

Тип:
Јавни, Мостови, Консалтинг
Фаза
Проект, Завршен
Локација:
Скопје, Македонија
Година:
2014
Површина:
6.500 м2
Клиент:
Општина Чаир, Влада на РМ
Во 2014 година, Нашата компанија доби тендер за изработка на основен ревидиран проект за изградба на надземен пешачки премин – ПЛОШТАД СКЕНДЕРБЕГ – ФАЗА 2. Проектот е изработен од страна на нашите архитекти и инженери, во соработка со архитектите на идејното решение Бетим Зеќири, Бекир Адеми и Бесиан Мехмети. Со овој проект се разработува втората фаза, која освен инфраструктурна функција (покривање на подземна сообраќајница), представува и логично врзно ткиво помеѓу механички разделени делови на централното градско подрачје. Долното плато – сообраќајницата бул. Гоце Делчев ја задржува во потполност досегашната функција. Со покривање на булеварот се добива горно плато, површина наменета за јавен простор-плоштад преку кој се поврзуваат старата скопска чаршија, како историско јадро, и строгиот центарот на градот како современа реалност.
Плоштадот е наменет исклучиво за пешечки сообраќај и нема други попратни содржини. Во себе може да поприми разни собири, манифестации и културни настани. Оформен е со урбана опрема: места за одморање, фонтана во форма на водопад, чешма, кандалабри за осветлувње и пергола за осенчување. Поголемиот дел на површината (80%) предвидено е да се поплочи, додека останатиот дел од површината (20%) е наменет за ниско полу-интензивно зеленило. При проектирањето, изработени се следните фази: архитектура, конструкции, геомеханика, водовод и канализација, машинство, електрика, сообраќај, БЗР, ППЗ, ИЗИИС, а посебно внимание е осврнато на употреба на нови енергетско ефикасни материјали и технологии од областа на градежништвото.