Previous slide
Next slide

Висечки мост во централно градско подрачје на Sкопје – Mал Rинг

Тип:
Јавни, Мостови, Консалтинг
Фаза
Проект, Завршен
Локација:
Скопје, Македонија
Година:
2019
Површина:
1.395 м2
Клиент:
А2 ХОТЕЛКОНЦЕПТ ДОО Виена, ЈСП Скопје
Во 2012 година, нашата компанија склучи Договор со А2 ХОТЕЛКОНЦЕПТ ДОО Виена за изработка на градежно-конструктивен проект (статички и динамички анализи на конструкцијата) во врска со ВИСЕЧКИ МОСТ ВО ЦЕНТРАЛНО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ НА СКОПЈЕ – МАЛ РИНГ, кој се наоѓа на локација помеѓу Камениот мост и мостот Гоце Делчев и тој го поврзува кеј “Димитар Влахов” од кај левиот брег на река Вардар и кеј “13 Ноември” од кај десниот брег, наменет за пешачки сообраќај. Мостот е во правец и е проектиран како прав (поставен нормално на коритото на река Вардар). Вкупната должина на мостот е 93,00 м и ширина од 15,00 м, со приоди кон минор корито од лев и десен брег на река Вардар.
Инаку, овој мост е прв од ваков тип во Македонија, а неговото проектирање и изградба се реткост и предизвик за секој инженер кој сака да научи нешто повеќе за новите технологии на градежните конструкции. Конструктивното решение на мостот се одликува со тоа што се применети три вида на конструктивни системи, со три начини на изведба: армиранобетонска конструкција составена од столбови, греди и плочи со монолитна изведба, спрегната мостовска конструкција челик-бетон со полумонтажна изведба, тука спаѓаат изведбата на армиранобетонската плоча на лице место и изведбата на мостовската гредна челична конструкција со монтажна изведба како и третиот вид на конструктивен систем – висечка конструкција од составена од главни носиви кабли и висулки со монтажна изведба. Во 2017 година, на барање на инвеститорот ЈСП Скопје, направена е измена на проектната документација, каде што нашите инженери ги направија потребните корекции со цел објектот да се вклопи во новиот концепт.