Урбан Стил Инженеринг менаџира проекти од областа на градежништвото во име на Инвеститорите. Со нашето долгогодишно искуство, нашиот тим може да предвиди што погрешно може да се случи со проектите. Ние го користиме нашето знаење за да ги препознаеме слабите точки во проектот пред тие да прераснат во сериозен проблем, предлагаме нови решенија преку стратешко планирање и целосна контрола. Како менаџери на проектот, нашиот тим може да се справи со сите фази на градбата, од изработка на идејни решенија до изведбен проект заедно со предмер-пресметка, изработка на динамички план на изведба, проценка на инвестицијата, администрирање на договорите, менаџирање со изведувачите, под-изведувачите и добавувачите на материјал.