Урбан Стил Инженеринг менаџира проекти од областа на градежништвото во име на Инвеститорите. Со нашето долгогодишно искуство, нашиот тим може да предвиди што погрешно може да се случи со проектите. Ние го користиме нашето знаење за да ги препознаеме слабите точки во проектот пред тие да прераснат во сериозен проблем, предлагаме нови решенија преку стратешко планирање и целосна контрола. Како менаџери на проектот, нашиот тим може да се справи со сите фази на градбата, од изработка на идејни решенија до изведбен проект заедно со предмер-пресметка, изработка на динамички план на изведба, проценка на инвестицијата, администрирање на договорите, менаџирање со изведувачите, под-изведувачите и добавувачите на материјал.
Успешното менаџирање во градежништвото бара детален пристап на работите, разработен од искусни професионалци кои се спремни да ги задоволат барањата на секој Проект. Урбан Стил Инженеринг е целосно посветен на работата и присутен со долгогодишно искуство во градежната индустрија. Ова искуство, стекнато при тешки ситуации, ни даде практично знаење со кое ќе можеме успешно да се справиме со секој Проект. Нашиот тим вклучува: Менаџери, главни инженери, надзори, проценители, експерти за динамика, администратори за договор и експерти за решавање на спорови - клејм-ови.
Нашиот Тим успешно изготвува проценки на Проектни инвестиции, како поддршка на фазите планирање, проектирање, изградба, реконструкција, користење и одржување на објектите, преговори за цени и решавање на спорови (клејм-ови). Нашата компанија ќе изработи прецизни пресметки на трошоците за градење, со помош на инженерскиот персонал кој е дел од тимот за проценки. Буџетот и деталните пресметки на инвестицијата ќе бидат во согласност со протоколите и барањата на Клиентот. Цените на понудувачите се испитуваат, а каде е можно, цените на материјалите се бараат од добавувачите кои се наоѓаат во непосредна близина на градбата, додека ставките за работна рака се калкулираат според моменталната берза на пазарот на труд.
Иако градежните проекти се прецизно испланирани, секогаш постои можност да се појават и произлезат несакани спорови. Успешноста на реализацијата на секој Проект зависи од тоа како овие спорови ќе се спроведат и на кој начин. Нашиот пристап кон успешно решение на споровите зависи од мулти-дисциплинарниот тим на Урбан Стил Инженеринг. Тој е составен од инженери, архитекти, правници, администратори на договори, градежни менаџери, финансови консултанти и експерти за динамички планови. Оваа палета на експерти е потребна за темелна анализа на често присатните компоненти на спорот - пречки, причини и штети. Техничките лица и експертите за договори од нашата компанија вршат детална анализа на спорот, ја разгледуваат секоја случка, настан и причина посебно, со цел да помогнат во изнаоѓање прифатливо решение за сите страни. Со ревизија и детална анализа на целата проектна документација и податоците од изведба, нашиот тим ќе помогне во изнаоѓање на решение за проблемот.
Нашиот Тим може да учествува и да се справи со Договорите кои подлежат на условите за изградба според FIDIC и PRAG. Ние нудиме услуги според правилата на: